Home Актуелно Еве ги новите малопродажни цени на горивата кои важат од денес

Еве ги новите малопродажни цени на горивата кои важат од денес

Од ноќеска, на полноќ, на сила стапија новите малопродажни цени за горивата кои ги одреди Регулаторната комисија за енергетика. Според новите ценовни корекции, за половина денар се зголемува малопродажната цена на бензините, а на дизелот и екстра лесното масло за домаќинства останува непроменета.

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на Еуросупер БС 95 од ноќеска на полноќ ќе изнесува 67 денари за литар, на Еуросупер БС 98 ќе биде 69 денари. Дизелот ќе продолжи да се продава по 61 денари, а екстра лесното масло за домаќинство по 51 денар за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува и ќе изнесува 31,8 денари за килограм.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат зголемување кај бензинот во просек за околу 1,61 отсто, кај дизелот има намалување во просек за околу 0,07 отсто, кај екстра лесното масло намалување во просек за околу 0,05 отсто и кај мазутот намалувањево просек за околу 3,09 отсто.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 55,43 денари и е за 0,033 отсто понизок од курсот на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…