Дали сте знаеле дека во култниот хорор „Егзорцист“ глуми вистински сериски убиец?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ако мислите дека култниот хорор филм од 1973 година „Егзорцист“ не може да биде пострашен од тоа што е, овој податок може да ви ги промени ставовите во однос на чувството на ужас кој го предизвикува ова филмско дело.

Малкумина знаат дека во ова легендарно хорор филмско остварување глуми вистински сериски убиец од реалноста – убиецот Пол Бејтсон.

Сцената во која 12-годишната Реган (која според сценариото е опседната од демон) минува низ медицински прегледи, станува уште побизарна. Еден од медицинските техничари во филмот го глуми Пол Бејтсон, кој шест години подоцна е осуден за убиство на новинарот Адисон Верил, а е осомничен за уште неколку други убиства во геј заедницата на Менхетен во текот на ’70-те години од минатиот век.

Приказната за Бејтсон, како што пренесува LAD Bible, повторно го привлече вниманието на јавноста откако тој стана еден од сериските убијци со чие име се занимава хит серијата на Нетфликс, „Мајндхантер“.

Бејтсон во ’70-те години работел во Универзитетскиот медицински центар Њујорк Сити, а таму го сретнал и режисерот на „Егзорцист“, Вилијам Фридкин. На режисерот толку му се допаднала работата од Пол, што на крајот му понудил мала споредна улога во хорор остварувањето. Токму ликот кој го глуми Бејтсон му објаснува на девојчето што му се случува за време на тестовите.

После филмот, животот на Бејтсон добил мрачни тонови. Иако е осуден дури во 1979 година, њујоршката полиција подолго време го сомничела за смртта на неколу мажи на Менхетен.

За смртта на Верил е осуден на 20 години затвор, а ниту едно друго убиство за кое се сомничи не му беше докажано, иако Бејтсон наводно му ги признал и тие убиства на неговиот пријател Ричард Рајан.

Од затвор излезе во 2003 година, после што му се губи секаква трага. Броевите од социјалното осигурување откриваат дека човек со име Патрик Ф. Бејтсон, роден на ист датум како и серискиот убиец, починал во 2012 година.