Дали принцезата Дајана била бремена кога загина во сообраќајката?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ричард Шепард е лекар и еден од најпознатите светски патолози кој во текот на својата кариера прегледал повеќе од 23. илјади тела. Едно од нив било и она на принцезата Дијана откако го загубила животот во трагична сообраќајна несреќа.

За Daily Mail раскажал кои се бизарните прашања кои луѓето му ги поставувале за Дијана а открил и дали е вистина дека во моментот на смртта била трудна.

„Ме прашуваа дали била убава, дали била смирена, дали била трудна. Секогаш внимавав да не откријам нешто што не било објавено“, раскажал доктор Шепард.

На прашањето кое најмногу ги интересирало фановите на Дијана – дали била трудна – вака одговорил:

„Немаше медицински докази дека Дијана била трудна. Но некои жени тврдат дека од самото зачнување знаат дека се трудни, можеби и таа била една од нив“.

Патологот исто така открил дека Дијана би била жива да го врзала појасот во автомобилот.

„Би преживеала со модринки или можеби со скршена рака“, тврди тој.