Дали парното може да поевтини за 25 насто?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Бројот на нови потрошувачи кои се приклучуваат на централниот систем за топлинска енергија, односно парно греење во Скопје е во пораст. Од почетокот на 2016 година до сега, компанијата Снабдување со топлина Балкан енерџи склучила нови 2252 договори, од кои речиси половината се со потрошувачи кои во минатото се исклучиле од системот, соопшти БЕГ.

Од БЕГ велат дека со натамошно зголемување на бројот на потрошувачи ќе се обезбеди негова поголема искористеност што ќе овозможи дополнително намалување на цената на услугата за сите корисници и до 25 отсто.

Трендот на пораст на бројот на склучени договори за користење на нашите услуги покажува дека кај жителите на Скопје расте свесноста за бројните предности и комфорот што го нуди централниот системот за парно греење. Освен поголемиот комфор, голема предност на централниот систем за парно греење е неговата економичност, како и фактот дека тој значително придонесува за намалување на аерозагадувањето во главниот град, што е на линија на растечката еколошка свесност на жителите на Скопје. Дополнителен фактор за растечкиот тренд на нови потрошувачи е и можноста за бесплатно вклучување во системот на парно греење за сите потрошувачи кај кои постојат технички услови за тоа. Акцијата за бесплатно вклучување на БЕГ Снабдување започна пред почетокот на тековната грејна сезона, а за да излезе во пресрет на што повеќе потрошувачи компанијата донесе одлука да ја продолжи нејзината важност на непоределено време, информираат од БЕГ Снабдување.

Според најновата студија на Машинскиот факултет и МАЦЕФ централниот систем за парно греење е најоптимален тип на греење, особено за урбаниот, односно најгусто населениот дел од градот.

Резултатите од оваа студија потврдуваат дека со натамошно зголемување на бројот на потрошувачи ќе се обезбеди негова поголема искористеност што ќе овозможи дополнително намалување на цената на услугата за сите корисници и до 25 отсто, а истовремено ќе значи и намалување на проблемот со загадувањето во Скопје, поради фактот што топланите работат на гас како најеколошко гориво, се наведува во соопштението.