All Eyez on Me: Трејлер за филмот посветен на животот од Тупак Шакур


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


All Eyez on Me е очекуваната американска биографска драма посветена на животот на веројатно најпознатиот рапер на сите времиња – Тупак Шакур.

Филмот е потпишан од режисерот Бени Бум, а за сценариото се погрижија Џереми Хафт, Еди Гонзалез и Стивен Багатуриан. Делото го носи насловот од четвртиот и последен албум на американскиот музичар кој го игра Деметриус Шип Џуниор.

Покрај него, во филмот играат и Кет Греам, Лорен Коен, Хил Харпер, Данај Гурира и други. All Eyez on Me е сниман од средината на декември, 2015, а премиерата е закажана за 16 јуни, 2017, на 46-от роденден од Тупак.

Тупак беше убиен на 7 септември, 1996 година.