Home Вебкафе Прва ваква операција: Хирурзи од стомакот на желка извадоа скоро 1.000 монети

Прва ваква операција: Хирурзи од стомакот на желка извадоа скоро 1.000 монети

Тајландски ветеринари извадиле речиси илјада монети од желудникот на една желка, што се смета за прва операција во светот од таков вид.

Петтемина хирурзи од ветеринарниот факултет во Бангкок шест часа ја оперираа 25-годишната желка Омсин. Од нејзиниот желудник извадоа 915 метални парички тешки вкупно 5 килограми.

Се верува дека фрлањето паричка во фонтаните носи среќа, а во базените со желки и долговечност, бидејќи овие животни се познати по тоа. Омсин на операција во Бангкок беше донесена од 120 километри оддалечениот Срирах, каде живее во одгледувалиште на желки отворено за посетители, пренесува Hina.

Тамошните ветеринари забележале дека желката плива странично и не ја користи левата нога.

„Првин мислевме дека станува збор за некаков паразит, но рентген снимките и CT испитувањата покажаа дека во желудникот има голема количина предмети“, изјави ветеринарката Нунтарика Чансое.

„Операцијата беше тешка и комплицирана. Откако ги извадивме сите монети, една по една, стана јасно дека желката полесно дише“, изјави еден од хирурзите кои ја извршија операцијата, Пасакорн Бриксаван.

После опоравувањето, Омсин ќе биде путешна во океан.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Долче фар ниенте: Како „ништо не правење“ може да биде најпродуктивната работа

Заборавете ја вината и препуштете се на чиста лењост — каде и да ве затекне летово, еве ка…