Дали Маск ја заокружи цената на акција во „Tesla“ на 420 долари заради марихуана?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Челниот човек на технолошкиот гигант „Tesla“, Илон Маск, доби обвинение од Американската комисија за хартии од вредност за измама поради одредувањето на вредносната сума на акционерскиот удел во компанијата од 420 долари за акција, наводно поради симболиката која бројот 420 ја има поврзана со марихуаната и нејзините уживатели, пренесува „Business Insider“.

Во еден приватен разговор на социјална мрежа меѓу девојката од Маск, Гримес, и нејзината колешка, раперката Азелија Бенкс, првата открива дека кога Маск ја дефинирал цената за акција во „Tesla“, пресметал дека таа вреди 419 долари, но решил тој износ да го заокружи на 420 долари поради марихуаната која почнал да ја консумира „заради неговата девојка“.

„Почна да пуши трева заради мене и се заинтересира и за симболиката на бројот 420. Па, кога одлучи да ги приватизира акционерските удели, реши малку се пошегува и го заокружи износот на цената на акциите од 419 на 420 долари за акција. Сега го истражуваат за измама поради тоа”, напиша пејачката во пораката.

420, 4:20, или 4/20 е кодот во културата на канабисот кој се однесува на потрошувачката на канабис, особено пушење марихуана во 16:20 часот, кога според општествените стандарди на супкултурата на потрошувачите на канабис, е најдобро време да се консумира таа супстанција. Исто така, бројот 420 се однесува на прослава на празникот Weed Day, кој припадниците на таа американска супкултура го прославуваат на 20 април низ Америка.

Американската Комисија за хартии од вредност и берзи (SEC) поднесе обвинение за измама против основачот на компанијата „Tesla“, Илон Маск, поради неговите изјави за намерите уделите во неговота компанија да не бидат јавни.

Во август годинава на Twitter Макс објави дека осигурил финансирање за купување на акциите на „Tesla“ во слободен промет по цена од 420 долари за делница. Подоцна претприемачот рече дека конечната одлука за тоа уште не е донесена.

Истиот месец, по средбата со инвеститорите, Маск објави дека се откажува од намерата акциите на автомобилската компанија да не бидат на берзата. Тогаш истакна дека одлуката за задржување на актуелниот статус на компанијата се изјасниле мнозинството инвеститори. Втората причина во полза на неговата одлука на претворање на компанијата во приватна и нејавна. Маск ја лоцираше во ваквиот процес кој би пренасочил премногу ресурси и би траел долго.