Го „цапнал“ Поршето 338 км/час, а немал ни положено за возачка дозвола


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Австриец од Санкт Пелтен бил фатен како го „урла“ неговото „Порше 911 ГТЗ“ на отворен автопат надминувајќи ја дозволената брзина од максимални 200 км/час и беснеејќи со неверојатни 338 км/час (колку што регистрирал полицискиот мерач за брзина).

Полиција се обидела да го запре возилото, но не успеале во тоа се дури не добиле засилување од повеќе патроли. Тие направиле препрека пред која „Поршето“ морало да закочи.

При тоа било утврдено дека 34-годишниот возач немал возачка дозвола. Тој го признал прекршокот, нагласувајќи дека е „горд на себе и на своето Порше“.

Авантурата ќе го чини повеќе илјади евра, а и прашање е кога и дали ќе може пак да седне легално зад волан.