Дали ќе се најде маж: Секси близначки бараат фраер кој ќе ги дели, а поставуваат само два услови


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Руски близначки бараат „исклучително богат маж со слободен ум и погледи“ кој ќе ги дели двете, а тврдат дека заедно прават буквално сè.

Адел и Алина Фахтееви бараат некој кој ќе ги изведе „од досадата на Казан и ќе им ги покаже светлата од Москва“, пренесува The Sun.

22-годишните близначки кои уште студираат се локални ѕвезди во Казан, каде се и познати модни блогерки. Од рекламирање на производи заработуваат околу 150 евра месечно, кои нормално не ги задоволуваат, па сакаат да запознаат мултимилионер кој ќе им понуди подобар живот.

Сепак, нивниот иден сопруг не може да биде било кој. Освен што треба да биде многу богат, тие бараат и некој со „слободни животни погледи“, со оглед на фактот дека за себе двете велат дека „не се нормални“.

Помош во својот обид да запознаат некој богат маж побараа и од локалните политичари. Бившиот градоначалник на Архангелск, Александар Донској, одлучи да им се најде во животот и да им помогне. Тој, на својот семинар „Како да бидеш директор на својот живот“, ја шокираше публиката кога откри дека ќе контактира луѓе од листата на најбогати во Русија која ја објавува Forbes, бидејќи смета дека би било забавно да им помогне на девојките.

Бесплатни совети, рецензии на казина, гратис спинови и бонуси на Casinobonus.mk.