Најми две секси близначки за да го заведат нејзиниот дечко – не очекуваше ваков епилог


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Намерата на оваа девојка да го фати својот дечко во љубовна компромитирачка ситуација не заврши баш како што планираше таа.

Неименуваната девојка го повика тимот од YouTube каналот To Catch A Cheater на помош, за да му подготви љубовна замка на својот дечко и да ја тестира неговата верност. Откако беа поставени скриените камери, на типот му испратија две секси близначки за да го тестираат неговиот карактер.

Но, епилогот од оваа „драма“ толку ја изненади нарачателката на сета таа ситуација, што и самата откри нешто неверојатно, пренесува Daily Mail.

Типот кој беше ставен на љубовен тест работи за компанија која нуди интернет услуги, па беше повикан во одредената куќа да постави интернет конекција. Кога стигна таму, го дочекаа две секси близначки облечени во свилени наметки и високи потпетици, кои веднаш почнаа да флертуваат со него.

Најпрвин една по една, а потоа и двете почнаа да го заведуваат и задеваат дечкото, провоцирајќи го со прашања од типот која има поголем задник, дали има девојка, дали дотогаш имал секс со Азијатка, или уште подобро со близначки, цело време суптилно допирајќи го.

На крајот типот стана, се спакува и си замина без да попушти на нападите до „напалените близначки“.

Гледајќи дека остана верен, неговата девојка која сето тоа го гледаше на компјутер, во близина, воопшто не беше воодушевена од исходот. Всушност, на тимот од YouTube каналот им призна дека не се чувствува убаво поради тоа што му го направи на дечкото.

На крајот типката ја призна вистинската причина поради која му ја правеше местенката на дечкото – таа била онаа која е неверна во врската, и  го изневерувала со некој тип од работа. Не планирајќи да престане со неверството, се надевала дека и нејзиниот дечко ќе го натера да биде неверен, за таа да се чувствува подобро во неверството и полесно да му раскине.

Најди ги најдобрите казино бонуси на casinobonus.mk.