Дали Бредли Купер ќе го пререди ДиКаприо во новиот филм од Гиљермо дел Торо


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Според последните информации кои пристигнуваат од филмскиот свет и западната кинематографија, Бредли Купер би можел да му ја „украде“ улогата на Леонардо ДиКаприо во новиот филм на славниот Гиљермо дел Торо.

Славниот холивудски актер Бредли Купер наскоро ќе се најде во нов професионален предизвик. Купер договара улога во филмот „Nightmare Alley“ режисерски потпишан од славниот Гиљермо дел Торо, откриваат американските медиуми.

Извори тврдат дека Купер неодамна добил понуда за улога во овој филм и иако моментално е нејасно дали ќе се впушти во овој проект и ќе ја прифати истата, се наведува дека од двете страни се почнати преговори за соработка. Доколку Купер ја прифати улогата, во тој случај ќе го заземе местото на славниот Леонардо ДиКаприо.

Гиљермо дел Торо ќе го режира филмот и ќе биде ко-автор на сценариото, заедно со Ким Морган. Fox во 1947 година го сними филмот „Nightmare Alley“, а најавеното филмско остварување ќе се базира на истоимениот роман од Вилијам Линдзи Грешам.