Да плаќаш за да спиеш во затвор – ама не е било каков затвор


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шкотскиот хостел THE COURT, лоциран во Единбург, претставува вистинска атракција за туристите поради фактот дека објектот во 19 век бил окружен суд, затвор и полициска станица, а денес е туристички сместувачки капацитет уреден така да биде задржана автентичната приказна од неговото минато.

Овој хотел е отворен во април 2019 година и сопствениците успеаја да ги зачуваат повеќето од старите обележја на зградите, како и некои автентични делови во внатрешноста на зградата. ,,Инсајдер” направи извештај за ова интересно место за да им даде на идните гости подобар увид во она што ги чека кога ќе го посетат.

По посетата на Единбург, гостите може да се релаксираат во мала ќелија за спиење . Можат да изберат да спијат во исклучиво женски дом или во заедничка просторија, која содржи од 8 до 20 мали ќелии за спиење. Секој оддел има сина светлина, приклучоци, полица и завеси кои ја штитат приватноста на гостинот. Секој кревет има своја постелнина, како и фиока, за гостите да можат безбедно да ги остават своите скапоцености.

За време на зимската сезона, гостите можат да ја резервираат своја ќелија за 15 долари, што го прави овој хотел многу удобен со оглед дека е централно лоциран. Хостелот има 200 кревети (ќелии) во големите домови, кои се распоредени на пет ката.

Ако гостите сакаат поголема приватност, можат да резервираат приватна просторија или „затворска ќелија“ со затворски врати, кои се автентични и го отсликуваат минатото на зградата. Затворските ќелии се попространи и помодерни. Изнајмувањето на овие приватни ќелии чини околу 60 долари за една ноќ во текот на зимската сезона.

Хостелот има 12 приватни ќелии и секоја има сопствен тоалет, за разлика од ќелиите во обичните простории, каде што гостите го делат тоалетот.