Ирачкиот парламент со резолуција трајно ги исфрла американските војници од земјата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ирачкиот парламент изгласа резолуција според која се бара американските војници трајно да бидат исфрлени од таа земја, пренесува ВВС.

До одлуката дојде откако американските сили го убија иранскиот генерал Касем Сулејмани во багдадскиот аеродром.

Ирачкиот парламент исто така побара забрана за странските сили да ја користат ирачката земја, воздушен простор или вода за било каква цел.

САД има околу 5.000 војници во Ирак.

Илјадници Ирачани вчера беа на погребот на генералот Сулејмани, а нешто подоцна во Ирак се случи напад на три локации, меѓу кои американското претставништво во Багдад и базата во Ирак о која се сместени американски војници.

Во нападот никој не загинал, а се уште не се знае дали се работи за иранска одмазда.