Да бидеме на чисто – не е секој шеќер лош и опасен за здравјето


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На сите ни е познато дека шеќерот се наоѓа во речиси сите производи, во овошјето, пијалоците, алкохолот, лебот и други намирници.

И додека едни предупредуваат на опасноста од шеќерот, австралиските нутриционисти Алекс Паркер и Ана Дебенхам тврдат дека шеќерот сепак е важен дел од нашата исхрана.

„Сè ни е потребно во умерени количества, па дури и солта и шеќерот“, велат тие.

На пример, млекото содржи природен шеќер, кој во комбинација со калциумот е добар за нашиот организам.

„Млекото со помалку млечни масти има помалку шеќер и заситени масти, што повторно е одлично ако сакате да ослабете или не сакате вкус на полномасно млеко“, велат нутриционистите.

Тие истакнуваат дека многу производи кои се диетални содржат шеќери во себе и дека тоа не значи дека се лоши.

„Луѓето мислат дека некои производи не содржат шеќер, дури и кога во декларацијата стои дека има мед, пченка, јачмен сируп и друго. Овошјето исто така содржи природни шеќери“, истакнуваат Паркер и Дебенхам.

Тие велат дека луѓето треба да јадат свежо овошје и храна подготвена дома и дека тогаш нема стравување од скриени шеќери.