Clear History е новата опција која ја воведува Фејсбук


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во својата најнова објава и изјава за корисниците на неговата социјална платформа Фејсбук, извршниот директор на технолошкиот гигант, Марк Закерберг, објави дека со новата опција која се воведува на мрежата, корисниците првпат ќе можат да ги исчистат податоците од нивните профили што ги следат нивните активности.

Новата функција наречена „Clear History“ ќе биде слична на опцијата на веб-пребарувачите за корисниците да ја исчистат нивната историја и колачиња.

„Откако ќе го внесеме ова ажурирање, ќе можете да ги видите информациите за апликациите и веб-страниците со кои сте во интеракција и ќе можете да ги избришете сите овие информации од вашиот профил“, напиша Закерберг.

„Фејсбук“ е под притисок да ги подобри контролите за приватност на своите корисници по скандалот со „Кембриџ аналитика“ и неправилното собирање на податоците на 87 милиони корисници.

Закерберг во својот пост изјави дека корисниците што ќе изберат да ги исчистат податоците од нивните фејсбук-профили, може да немаат толку добро искуство.

„Вашиот профил нема да биде добар додека повторно не ги научи вашите карактеристики“, изјави Закерберг.