Чиста формалност: Трамп уапсен и веднаш ослободен со кауција


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бившиот претседател на САД, Доналд Трамп, беше накратко уапсен во затвор во Атланта поради лобирање за изборите во 2020 година во американската држава Џорџија, но набрзо беше ослободен со кауција.

Доналд Трамп пристигна во затворот во Атланта за да се предаде и да се фотографира како дел од широкиот криминален случај што произлегува од обидот на поранешниот американски претседател да го поништи неговиот изборен пораз во 2020 година во Џорџија.

Трамп пристигна во затворот во 1:30 часот по македонско време, околу 30 минути откако неговиот приватен авион слета на аеродромот „Хартсфилд-Џексон“ во Атланта. Како и десет од единаесеттемина обвинети во случајот кои веќе се предадоа, Доналд Трамп беше ослободен со кауција од 200 000 долари.

Трамп (77) веќе влезе на непозната територија како прв поранешен претседател на САД кој се соочил со кривични пријави, иако четирите случаи кои се покренати против него не му наштетија на неговиот статус како фаворит во трката за републиканска номинација за да го предизвика демократскиот претседател Џо Бајден на изборите во ноември 2024 година.

По кратка процедура во затворот во Фултон, Трамп набрзо се врати во својот голф клуб во Њу Џерси.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се соочи со четврта кривична пријава откако големата порота во Џорџија го обвини за обид да влијае на изборите во 2020 година, на кои беше поразен од демократот Џо Бајден.

Обвиненијата, поднесени од окружната обвинителка на САД, Фани Вилис, се најнови правни проблеми за Трамп, фаворит во трката за претседателска номинација на Републиканската партија во 2024 година. Обвинителите истакнаа 11 точки од обвинението против Трамп и неговите соработници, вклучително и фалсификување и рекетирање, кои вообичаено се користат против членови на организирани криминални групи.

Тие обвинија 18 други лица, меѓу кои Марк Медоус, поранешен шеф на кабинет на Трамп во Белата куќа, и адвокатите Руди Џулијани и Џон Истман.

Случајот се заснова на телефонскиот повик на Трамп на 2 јануари 2021 година со највисокиот изборен функционер во Џорџија, Бред Рафенспергер, барајќи од него да „најде“ доволно гласови за да го поништи неговиот тесен пораз во државата, што Рафенспергер одби да го направи.