Четири муабети кои никогаш не треба да ги правите на интервју за работа


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Интервјуата за вработување можат да бидат едно од најстресните искуства во процесот на барање работа, особено кога знаете дека само еден несоодветен коментар може да ви ги уништи шансите за добивање на работното место.

Дејл Вилијамс и Синед Бантинг, експерти за вработување и барање работни места, тврдат дека постојат само четири теми кои треба да ги избегнувате во текот на интервјуата и преговорите за вработување.

1. Тврдењето дека ваша најголема мана е перфекционизмот

„Лицето кое го врши интервјуто за вработување сигурно веќе сто пати ги има слушнато овие генерички одговори, па обидот да го заобиколите прашањето или вашата мана да ја претставите како доблест и предност никого нема да воодушеви“, советува Дејл.

2. Оговарање на бившиот работодавец

Ако се случи да ви се испушти некој негативен коментар за бившиот работодавец, обидете се да избалансирате со споменување на некоја позитивна страна од бившото работно место. Во спротино ќе се прикажете како негативна личност.

3. Премолчувањето дека имате конкурирано и за други работни места

Можеби вам ви се чини како добра идеја на потенцијалниот работодавец да му дадете до знаење дека тој е ваш единствен избор, но така се изложувате на ризик да ве сметаат за наивник или лажливец, тврди Дејл.

4. Муабет за годишен одмор

Иако ќе се прави муабет за потенцијална плата, разговорот за годишен одмор оставете го за друга прилика.

„Кога треба да почнете да работите на ново работно место, не сакате да делувате како некој кој едвај чека повторно да не работи“, советува Синед.