Спорт

Челзи го исфрли Манчестер Јунајтед за полуфинале на ФА купот – еве ги полуфиналите парови

Челзи ја комплетира големата четворка во англискиот ФА куп. Лондонските „сини“ вечера го совладаа Манчестер јунајтед со 1:0 и се придружија на Манчестер сити, на Арсенал и на Тотенхем во полуфиналето.

Стрелец на единствениот гол на „Стемфорд бриџ“ беше францускиот репрезентативец Нголо Канте во 51 минута. Неговиот удар, по додавање на Вилијан, задоцни да го блокира Пол Погба, „момчето од 100 милиони“, а Де Геа беше фатен на крива нога и не успеа да ја сочува сопствената мрежа.

Трагичар на натпреварот беше Шпанецот Андер Ерера кој собра два жолти картона до 35 минута и ги остави соиграчите во нерамноправна положба на теренот во наредниот час игра.

ФА куп, четврт-финале, резултати:

Челзи – Манчестер јунајтед 1:0

Тотенхем – Милвол 6:0

Арсенал – Линколн 5:0

Мидлсборо – Манчестер сити 0:2

Полуфинале ФА Куп:

Челси – Тотнем
Арсенал – Манчестер Сити

To Top