Славни

Челниот човек на Фолксваген отвори профил на Твитер – првиот твит му беше „закана до Илон Маск“

Херберт Дис, првиот човек на автомобилскиот производителски гигант Фолксваген, се придрижи на Твитер отворајќи личен профил на оваа социјална платформа, а во првиот твит што го објави му се „закани“ на својот ривал Илон Маск.

Во првиот твит напишан од Дис, тој ги поздрави сите луѓе, а потоа го предупреди Маск дека Фолксваген ќе го стигне уделот на Тесла на пазарот и го потсети дека Фолксваген веќе добро се снаоѓа на пазарот со електрични автомобили во Европа, пренесува Телеграф Бизнис.

Производителот на електрични автомобили Тесла е меѓу најважните светски автомобилски компании, а неговиот основач Илон Маск е меѓу најбогатите луѓе во светот.

Откако Херберт Дис стана директор на Фолксваген во 2018 година, тој се обидува да го освои пазарот на електрични автомобили со кој владее Тесла.

Во септември 2019 година, Фолксваген го претстави првиот модел кој првично беше развиен исклучиво како електричен автомобил, со што означи почеток на новото поглавје во историјата на германскиот автомобилски гигант.

Групацијата Фолксваген најави доаѓање на 75 електрични и 60 хибридни модели до 2029 година, а во тој број се вклучени електрични возила и хибриди од нејзините други брендови.

To Top