Чеферин најави построги правила на Финансиски фер-плеј


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин се закани на клубовите дека ќе има построги правила во однос на финансискиот фер-плеј.

Чеферин се пофали со стабилност по воведувањето на финансискиот фер-плеј, потенцирајќи дека тоа правило е неопходно.

„Сега е времето да го направиме следниот чекор, поради што неодамна ги направивме правилата построги. Така ја зголемивме транспарентноста на клубовите, кои треба да ги објавуваат финансиски информации, вклучувајќи плаќањата кон агентите“, истакна првиот човек на УЕФА.

„Трансферите ќе бидат потранспарентни и можам да уверам дека секој клуб ќе биде третиран со еднаков критериум“, вели Чеферин во интервју за „Кориере дело спорт“.