Home Спорт Реал Мадрид го „краде“ Рабио пред носот на Барса

Реал Мадрид го „краде“ Рабио пред носот на Барса

Плејмејкерот на ПСЖ, Адриен Рабио веќе подолго време се поврзува со трансфер во Барселона, но сега и Реал Мадрид се вриклучи во траката за Французинот.

Според француските медиуми, Реал ќе понуди 70 милиони евра за Рабио, кој одби да го продолжи договорот со ПСЖ и е на излезна врата од клубот.

Договорот на Французинот истекува следното лето, па поради тоа Барселона не сакаше да плати 50 милиони евра, бидејќи верува дека следното лето може да го добие без обештетување.

Претседателот на „кралевите“, Флорентино Перез, ќе се обиде да им ја расипе идејата на Каталонците и да го донесе Рабио на „Сантиаго Бернабеу“.

23-годишниот Французин важи за еден од најталентираните плејмејкери во Европа, па во Мадрид во него гледаат идеален наследник на Лука Модриќ.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…