„Час за час“ – дигитална платформа каде за услуга плаќате со вашето време


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Користење на сопственото време, наместо пари, како ресурс за плаќање и размена на услуги со други луѓе, овозможува новата дигитална платформа – временска банка „Час за час” изработена од здружението на граѓани „Младите можат”, преку креатонот на Фондот за иновација и технолошки развој.

Концептот на дигиталната платформа – временска банка е многу едноставен: трошите еден час време за да му помогнете или да споделите знаење со некој друг преку вештините што вие ги поседувате, а за возврат заработувате кредит од еден час која оди во вашата временска банка, што можете да го потрошите за услуга од еден час што вас ќе ви е потребна од некој друг.

Секој час се цени исто, без оглед на извршената услуга и секој вид услуга може да се разменува за друга.

Дигиталната платформа chaszachas.mk е бесплатна и достапна за сите и која ги следи часовите што членовите на банката ги заработуваат и трошат.

Проектот е поддржан од Фондот за иновација и техонолошки развој (ФИТР) како дел од КРЕАТОНОТ наменет за идеи кои имаат за цел да ги олеснат условите за време на пандемијата настаната од Ковид-19 и е имплементиран од Здружението на граѓани Младите можат.