Home Актуелно Четврток со облаци и дожд

Четврток со облаци и дожд

Денешниот ден, четврток, 21 мај, во Македонија носи претежно облачно и значително посвежо време со засилен, повремено и силен северен ветер. Ќе има и врнежи од дожд, особено претпладне, а во јужните делови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Дневните температури ќе бидат во Скопје 18 Целзиусови степени, Маврово 14, Охрид и Битола 19, Крива Паланка 17, Берово 16, Кавадарци 20, Дојран 22.

Од утре ќе имаме претежно сончево време со умерен, вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Дневните температури ќе бидат во пораст – Скопје 21, Маврово 17, Охрид 18, Битола 20, Крива Паланка 19, Берово 18, Кавадарци 22, Дојран 24 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…