Победата на Галатасарај од 2:0 против Гиресунспор остана во сенка поради инциденотот кој го предизвика Маркао. Тој реши физички да го нападне неговиот соиграч Актуркоглу, по што заработи црвен картон и стана главна вест во светските медиуми. Клубот сигурно ќе изрече санкции за фудбалерот, а тоа го потврди и тренерот Фатих Терим.