септември 28, 2026

Таратур

  • Најнови вести
  • Живот и здравје
  • Љубов и секс
  • Мода и убавина
  • Шоубизнис
  • Вебкафе
    • Актуелно
    • Наука и техонологија
    • Мајтап
    • Убавините на Македонија
  • Рецепти
  • Казино игри
    • Рулет
    • Блекџек
  • LOVEGURU.MK
Home Актуелно (Страна 690)

Актуелно

Притвор и кривична за возачот кој вчера усмрти полицаец кај Тумчевишка клучка

Од A V
16:51, 31 декември
во :  Актуелно

Одделението за безбедност на патниот сообраќај од гостиварската полиција поднесе кривична пријава против 31-годишниот Ш.Р. од село Грешница, Кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Според информациите, на 30.12.2019 на автопатот во близина на Тумчевишка клучка, пријавениот, кој управувал возило со брзина поголема од дозволената, изгубил контрола …

Прочитај повеќе

Во полициска рација во Тетово одземени повеќе од 1.300 петарди и друга пиротехника

Од A V
16:27, 31 декември
во :  Актуелно

Во рацијата која денес ја изврши тетовската полиција за откривање на нелегалната продажба на петарди и пиротехника вчера беа запленети над 1.300 петарди и други пиротехнички средства. „На улиците „Маршал Тито” и „Илинденска” во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово пронашле и од Ф.А(32) од тетовско Ларце одзеле 200 петарди. Од 54-годишниот тетовец Н.А. одзеле 600 огномети. Околу 12 часот …

Прочитај повеќе

Руските милијардери заедно „наѕидаа“ дополнителни 53 милијарди долари во своето богатство

Од A V
16:16, 31 декември
во :  Актуелно, Шоубизнис

Најбогатите луѓе во Русија, кои се вбројуваат и меѓу 500. најбогати луѓе во светот, заедно го зголемиле вкупното богатство за 52,9 милијарди долари во последните четири години, пренесува „Блумберг“. Индексот на милијардери на Блумберг (BBI) се заснова на цената на акциите на компаниите во кои учествуваат милијардерите. Најбогат Русин повторно  најголемиот акционер на „Норникел“, Владимир Потанин. Неговото богатство порасна за …

Прочитај повеќе

Парите од вторите три месеци од „Мој ДДВ“ на сметките од граѓаните ќе легнат во февруари 2020

Од A V
15:59, 31 декември
во :  Актуелно

Сите граѓани кои со помош на апликацијата „Мој ДДВ“ скенирале фискални сметки во периодот од октомври до декември, 2019 година, повратните парични средства од ДДВ на своите сметки ќе можат да ги очекуваат во февруари 2020 година. Од УЈП информираат дека во второто тримесечје од МојДДВ повратот на средства кај граѓаните ќе изнесува 3.791.000 евра. Заклучно со 30 декември, податоците …

Прочитај повеќе

Нема договор за МВР ни после телефонскиот разговор Заев-Мицкоски

Од A V
15:50, 31 декември
во :  Актуелно

Ни после синоќешниот телефонски разговор помеѓу премиерот и лидер на владејачката СДСМ, Зоран Заев, и претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, нема договор меѓу власта и опозицијата за опозицискиот предлог за технички министер за внатрешни работи, полковникот Драган Ковачки. Премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера телефонски разговарале околу предлозите на опозицијата. Од опозициската партијата велат …

Прочитај повеќе

Еве кои намирници најмногу се јаделе на македонските трпези во 2019 година

Од A V
12:10, 31 декември
во :  Актуелно, Вебкафе

Леб, јајца, ориз, пилешко месо, макарони, компири, пиперки, домати, сирење – овие се намирниците кои, според статистичките податоци на Државниот завод за статистика, биле најзастапени на трпезата на македонските граѓани во изминатата 2019 година. Според оваа статистика, граѓаните се големи консументи и на цигари, едно домаќинство годишно просечно троши 136 кутии. Статистиката вели дека едно домаќинство просечно троши 257,4 килограми …

Прочитај повеќе

Членот на Судскиот совет Теофиловски се појави на распит во Кривичен, но се повика на имунитет

Од A V
11:47, 31 декември
во :  Актуелно

Судијата и актуелен член на Републичкиот судски совет, Зоран Теофиловски, денес сам се пријавил во Кривичниот суд. Но, како што пренесува Алсат повикувајќи се на неофицијални извори, Теофиловски таму се повикал на имунитетот, што во пракса значи дека распитот воопшто не се одржал. На потег е Судскиот совет, каде и тој членува, за 24 часа да се состане и да …

Прочитај повеќе

Катастрофа: Во изминативе 5 години 800 лекари ја напуштиле Македонија

Од A V
08:27, 31 декември
во :  Актуелно

Според статистичките евиденции на Лекарската комора, поразителен е податокот дека скоро 800 лекари во изминативе 5 години си заминале од Македонија селејќи се во некоја странска земја. Најмалку барања има во 2017 година -120, а најмногу во 2018 – 178 барања. Во 2015 година бројот изнесува 171, во 2016 година -162, а до декември годинава -163. Но од Лекарската комора …

Прочитај повеќе

Последен ден за исплата на К-15 за 2019 година

Од A V
08:21, 31 декември
во :  Актуелно

До истекот на 2019 година, сите приватни работодавци имаат задолжителна законска обврска кон работниците да исплатат годишен регрес, минимални 40% од просечната нето плата на државно ниво исплатена во последните три месеци, или околу 10.100 денари. Денес е последниот ден за исплата на популарниот К-15 а право на тоа има секој работник во приватен сектор кој најмалку 6 месеци во …

Прочитај повеќе

Падна пресуда за „Ина-Мол“: Шест години затвор за бившиот хрватски премиер Санадер

Од A V
08:15, 31 декември
во :  Актуелно

Хрватското правосудство донесе пресуда за аферата „Ина-Мол“. Со истата, бившиот хрватски премиер Иво Санадер е осуден на затворска казна во траење од шест години заради земање мито. Освен за примање 10 милиони евра мито, за на Унгарците да им ги препушти управувачките права во Ина, Санадер е обвинет дека со Жолт Хернади, шефот на унгарски Мол, договорил издвојување на нерентабилниот …

Прочитај повеќе
1...689690691...1.550Страна 690 од 1.550

Травис Келце суптилно ја поддржа Тејлор Свифт на нејзиниот самостоен настап на MTV VMA

18 минути

Травис Келце не можеше лично да ја поддржи својата сопруга Тејлор Свифт на MTV Video Music Awards 2026, но сепак ја изрази својата љубов од далечина. Келце, 36, беше забележан како „лајкува“ неколку објави на Билборд на Инстаграм, додека Свифт, исто така 36, пристигна на доделувањето на наградите во Лос Анџелес во недела, 27 септември.

Временска линија на врската на Диџеј Поли Д и Ники Хол од Џерси Шор

18 минути

Оваа објава на Том Брејди на социјалните мрежи се смета за „среден прст“ кон поранешната сопруга Жизел Бундхен

19 минути

Џиџи Хадид објави фотографии од прославата на 6-тиот роденден на ќерката!

19 минути

Џенифер Лоренс објави дека официјално е сезона на Угг чизми

47 минути

Дениз Ричардс го одбележува роденденот на покојниот Патрик Малдун

48 минути

Џејк Фој од Hallmark и неговиот сопруг Никола Ла Траверс зборуваат за првата година од бракот, заедничката работа и претстојните божиќни филмови

48 минути

Кендал Џенер и Џејкоб Елроди на вечера во Милано по ревијата на Ботега Венета

48 минути

Џена Џонсон и Вал Чмерковски за ниските оценки во „Танц со ѕвездите“

1 час

Ела Брајт и Белмонт Камели од ‘Off Campus’ се смеат на гласините за кавга

1 час

Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

Согласно Законот за игрите на среќа и за забавните игри не е дозволено физичко лице да учествува во странски игри на среќа, во кои влоговите се уплаќаат на територијата на Македонија.


© Copyright 2025, Taratur.com