Продолжува сончевиот јануарски период


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес, четврток, вториот ден од 2020 година, времето во Македонија ќе биде сончево и постудено со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец, особено изразен во југоисточните делови.

Утринската температура ќе биде од минус 10 до два, а дневната од нула до девет степени. Во Скопје и околината слично време. Утринската температура ќе биде минус три, а дневната ќе достигне до пет степени.

В петок и в сабота ќе се задржи претежно сончево време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст и в сабота ќе достигнат до 14 степени. Под влијание на влажен бран, во текот на ноќта сабота кон недела и в недела преку денот ќе има наоблачување со засилен северен ветер и повремени врнежи претежно од снег, а вдолж Повардарието од дожд и снег. Слаб снег ќе провејува и в понеделник претпладне.