Актуелно

Хрватска е новиот шестмесечен претседавач со Европската унија

Под слоганот „Силна Европа во светот со многу предизвици“, Хрватска вчера го презеде претседавањето со Европската унија.

Во следните 6 месеци најавува 4 приоритети, Европа која се развива, Европа која поврзува, Европа која штити и Европа која е влијателна. Официјалното превземање на претседавањето е закажано за 9 јануари кога во Загреб ќе пристигнат членовите на Европската комисија, на чело со претседателката Урсула Фон дер Лајен.

Високо на агендата за време на хрватското претседателство ќе биде и темата за проширување на европското семејство. Во тек се подготовките и за Самитот на евроспкиот совет кој во мај ќе се одржи во Загреб. Самит на кој Македонија очекува да добие датум за старт на пристапните преговори, откако такво ветување доби на октомврискиот состанок во Брисел.

Освен старт на пристапните преговори, Македонија во првите месеци од годинава очекува и официјализирање на приемот во НАТО Алијансата. Ваква надеж испраѓаат информациите од Шпанија, единствената земја која се уште го нема ратификувано пристапниот протокол. Тоа се очекува веднаш по формирањето на новата шпанска Влада најавено во следните 5 дена.

За предвремено ратификување на протоколот се подготвува и македонското Собрание. Овој предлог-закон е веќе пристигнат во законодавниот дом и според најавите од спикерот Џафери на собраниска седница ќе се најде пред распуштањето на овој собраниски состав предвидено за 11 февруари, а ќе почне да важи по шпанската ратификација.

To Top