Руските милијардери заедно „наѕидаа“ дополнителни 53 милијарди долари во своето богатство


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Најбогатите луѓе во Русија, кои се вбројуваат и меѓу 500. најбогати луѓе во светот, заедно го зголемиле вкупното богатство за 52,9 милијарди долари во последните четири години, пренесува „Блумберг“.

Индексот на милијардери на Блумберг (BBI) се заснова на цената на акциите на компаниите во кои учествуваат милијардерите. Најбогат Русин повторно  најголемиот акционер на „Норникел“, Владимир Потанин. Неговото богатство порасна за 8,5 милијарди долари и изнесува 28,2 милијарди долари. „Норникел“ е најголем светски производител на паладиум, никел, платина и бакар.

Сопственикот на „Новатек“ Леонид Михелсон го зазеде второто место, зголемувајќи ја својата сметка за 5,2 милијарди американски долари, со што вкупната актива му изнесува 24,6 милијарди долари. Новатек е најголемиот приватен производител на гас во Русија.

Меѓу првите тројца од најбогатите е ко-сопственикот на нафтената компанија „Лукоил“, Вагит Алекперов, чиј капитал порасна за 6,2 милијарди долари и се проценува на 22,3 милијарди.

Меѓу најбогатите Руси се сопственикот на челичарницата „НЛМК“ ,Владимир Лисин со богатство од 21,3 милијарди американски долари (зголемување за 3,5 милијарди долари), сопственикот на металуршката компанија „Северстал“, Алексеј Мордашов (плус 2,5 милијарди долари, до 20 милијарди), Генадиј Тимченко кој е сопственик на акции во „Новатек“ и „Сибур“ (плус 4,4 милијарди американски долари, вкупен капитал 18,2 милијарди американски долари), итн.