Три години затвор и парична казна за кинескиот научник кој создаде генетски модифицирано бебе


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Судот во Кина го осуди на тригодишна казна затвор кинескиот научник Хе Џијанкуи кој го создаде првото „генетски модифицираното бебе“, поради илегално практикување на медицината.

Хе покрај казната затвор во траење од 3 години, доби и парична казна во висина од 430 000 долари, пренесе агенцијата Синхуа.

Судот соопшти дека тројцата истражувачи не се квалификувани доктори за да практикуваат медицина, во потрага за слава и профит, намерно ги прекршиле кинеските регулативи за научни истражувања и ја преминале етичката граница и во научното истражување и во медицината. Двајцата негови соработници добила помали казни.

Жанг Реникл е осуден на две години затвор, а Квим Жинџоу на година и половина, информира „Ројтерс“.

Научникот Хе изјавил дека пред 13 месеци помогнал во создавањето на првото генетски модифицираното бебе, близначки родени во ноември во 2018 година.

Ова достигнување предизвикала голема дебата за етичноста на генетската модификација.