Парите од вторите три месеци од „Мој ДДВ“ на сметките од граѓаните ќе легнат во февруари 2020


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Сите граѓани кои со помош на апликацијата „Мој ДДВ“ скенирале фискални сметки во периодот од октомври до декември, 2019 година, повратните парични средства од ДДВ на своите сметки ќе можат да ги очекуваат во февруари 2020 година.

Од УЈП информираат дека во второто тримесечје од МојДДВ повратот на средства кај граѓаните ќе изнесува 3.791.000 евра.

Заклучно со 30 декември, податоците на УЈП покажуваат дека за три месеци биле скенирани 28.948.878 фискални сметки. Нивните информации покажуваат дека во второто тримесечје од МојДДВ значително пораснал износот на средства што ќе бидат вратени кај граѓаните, благодарејќи на зголемениот број на фискални смелни што се скенирани. За првото тримесечје од МојДДВ на сметките на граѓаните досега легнале околу 2,5 милиони евра.

„Информираме дека за првото тримесечје од МојДДВ, за коешто исплатата започна во декември 2019 година, исплатен е поврат кај 144.601 граѓани кои во апликацијата МојДДВ внеле валидни трансакциски сметки“ се наведува во соопштението на УЈП.

Од УЈП повторно ги потсетуваат граѓаните кои не добиле поврат на ДДВ, дека во апликацијата МојДДВ мора да внесат трансакциска сметка, или ако направиле грешка, да ги корегираат бројките од нивната трансакциска сметка. Откако ќе го направат овој чекор, УЈП ќе ја изврши исплатата на повратот на ДДВ и кај овие граѓани.