Нема договор за МВР ни после телефонскиот разговор Заев-Мицкоски


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ни после синоќешниот телефонски разговор помеѓу премиерот и лидер на владејачката СДСМ, Зоран Заев, и претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, нема договор меѓу власта и опозицијата за опозицискиот предлог за технички министер за внатрешни работи, полковникот Драган Ковачки.

Премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера телефонски разговарале околу предлозите на опозицијата.

Од опозициската партијата велат Мицкоски го информирал премиер за предложените имиња, но и дека партијата останува на предлогот Ковачки да го предводи МВР во 100-те дена пред изборите.

СДСМ пак брифираат дека Заев јасно побарал нов предлог за МВР. Актуелниот министер за внатрешни работи и предлог за технички премиер Оливер Спасовски вели тој е против милитаризација на министерството, но се уште е неизвесно како ќе завршат разговорите со опозицијата во однос на изборот на кадар.

И од СДСМ и ВМРО ДПМНЕ засега нема одговор кога ќе има конечен договор за техничката влада, но двете страни се уверени дека сите детали ќе биде усогласени пред истекот на рокот за избор на влада за организирање на изборите на 12-ти април.

Вчера опозицијата го обелодени предлозите и за останатите ресори кои ќе ги има во техничката влада. Рашела Мизрахи ќе биде министер за труд и социјала, Гордана Димитриеска Кочоска дополнителен заменик министер во финансии, Невенка Стаменковска Стојкоски во информатичко општество и Цветан Трипуновски во земјоделие.