Последен ден за исплата на К-15 за 2019 година


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


До истекот на 2019 година, сите приватни работодавци имаат задолжителна законска обврска кон работниците да исплатат годишен регрес, минимални 40% од просечната нето плата на државно ниво исплатена во последните три месеци, или околу 10.100 денари.

Денес е последниот ден за исплата на популарниот К-15 а право на тоа има секој работник во приватен сектор кој најмалку 6 месеци во календарската година работел кај ист работодавач.

Доколку работодавците не ја испочитуваат оваа законска обврска се соочуваат со парична казна од неколку илјадници евра или најмногу една година затвор.