Падна пресуда за „Ина-Мол“: Шест години затвор за бившиот хрватски премиер Санадер


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Хрватското правосудство донесе пресуда за аферата „Ина-Мол“. Со истата, бившиот хрватски премиер Иво Санадер е осуден на затворска казна во траење од шест години заради земање мито.

Освен за примање 10 милиони евра мито, за на Унгарците да им ги препушти управувачките права во Ина, Санадер е обвинет дека со Жолт Хернади, шефот на унгарски Мол, договорил издвојување на нерентабилниот дел на операциите од Ина.

„Иво Санадер со Жолт Хернади се договорил дека за износ од 10 милиони евра Република Хрватска на Мол ќе му го препушти одлучувачкиот глас во работењето на Ина. Користејќи ја позицијата и авторитетот на премиер тој прикажал дека е потребно издвојување на гасното работење на Ина и изменување на меѓуакционерскиот договор. На седница на владата побарал да се прифати извештајот со кој на Мол му се препушта управувањето со Ина што владата го прифатила“, изјави судијата.

Доколку пресудата стане правосилна, Санадер, на барање на обвинителството, на државата мора да ѝ врати 10 милиони евра.

„За време на деталната истрага биле вклучени 30 сведоци и прочитани се бројни документи, па советот заклучи дека Санадер е виновен за примање, а Хернади за давање мито“, се вели во објаснувањето.

Жолт Хернади, шефот на Мол, е осуден на две години затвор, но тој не му е достапен на хрватското правосудство.