2019 ја испраќаме со сончево и ладно време


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Последниот ден од 2019 година носи ведро и студено утро. Во текот на денот времето ќе биде претежно сончево. Кон крајот на денот ќе има појава на мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

За време на новогодишната ноќ ќе преовладува малку до умерено облачно време со слаб до умерен, а во втората половина од ноќта на места засилен северен ветер.

Дневните температури ќе достигнат во Скопје и Маврово 3 Целзиусови степени, Охрид и Кавадарци 5, Крива Паланка и Берово 4, Дојран 8.

Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Дневните температури ќе бидат во Скопје 5, Маврово 3, Охрид 6, Битола 4, Кавадарци 7,Крива Паланка 4, Берово 1, Дојран 9.