Според статистичките податоци за периодот од 1 јануари 2010 до 22 октомври 2020 година, вкупно 77.829 државјани на Македонија поднеле барање за добивање бугарско државјанство, пренесуваат бугарските медиуми. Речиси во сите или конкретно во 77 726 барања било наведено дека барателите имаат бугарско потекло. Во истиот период, процедурата ја завршиле и им биле издадени бугарски државјанства на 65 675 Македонци. …