Home Актуелно Студен понеделник

Студен понеделник

Овој декемвриски понеделник времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повеќе сончеви периоди во позападните делови, ќе биде ветровито и студено со умерен до повремено засилен северен ветер најизразен уште од изутрина во пошироко Повардарие.

Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 6 до 12 Целзиусови степени, информираат од УХМР.

Во Скопје променливо облачно, ветровито и постудено. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 8 степени. Маврово 4, Охрид 9, Битола 8, Крива Паланка 6, Берово 5, Кавадарци 9, Дојран 12.

Во наредните денови следува период на стабилно и суво време. Најсончево ќе биде во вторник, а од среда ќе има умерено наоблачување и услови за утринска магла и ниска облачност по котлините.

 

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…