Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска во Аман оствари средба со генералната директорка на УНЕСКО Ирина Бокова, на која е разговарано за тековните и идните активности и проекти на Република Македонија во соработка со светската организација за образование, наука и култура. Како што соопштија од Кабинетот на претседателот, двајцата соговорници ја потврдија одличната соработка меѓу Република Македонија и УНЕСКО …