Сончево и топло со мала до умерена облачност


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сончево и топло со мала до умерена облачност и со умерен ветер од западен правец. Кон крајот на денот ќе има услови за локализирана појава на нестабилност особено на северот од земјата.

Утринските температури ќе се движат од 4 до 11 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 19 до 29 степени.

Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу 8 и дневна до 27 степени.

Влажен бран со врнежи од дожд ќе има во недела од претпладневните часови. Овој бран ќе е проследен со внежите на повеќе места кои ќе бидат поројни и со грмежи. Ќе дува повремено засилен северозападен ветер, што ќе услови позначително намалување на дневната температура и тоа за 5 до 7 степни.

Во понеделник ќе продолжи да дува северниот ветер, а од вторник ветерот ќе биде јужен и во понатамошниот период ќе е променливо, во попладневните делови од денот ќе има појава на нестабилност повремено и со поројни врнежи од дожд и грмежи.