Уште едно супер издание на OFFest – еве какви музички дразби ни претстојат


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Од 25-28 мај во Скопје ќе се одржи 16-то издание на Оффест. Програмата, како и секогаш, вклучува актуелни и квалитетни имиња од музиката на светот.

Оваа година со најголем број на изведувачи кои доаѓаат од Босна, Македонија, Италија, Португалија, Естонија, Кореја, Данска, Гана и Мавританија. Мајсторот за севдах – Дамир Имамовиќ и нашите шербетни – Љубојна. Современите фолк интерпретатори на револуционерниот циклус песни – Бела Чао и големата нова фадо ѕвезда – Жизела Жоао. Авангардните и автентични – Блек Стринг и минимализмот на мистичната виолинистка – Марја Нут заедно со Хендрик Каљујарв. Полноќниот сет на моментално најкреативното ди-џеј дуо Ден Сорте Сколе ги поместува сите музички хоризонти. Глитербит рекордс ги претставува длабоките и моќни афро корени на Кинг Ајисоба и електризираниот вокал на Нура Минт Сејмали. Жизела Жоао вели – „Фадото не е тажно. Фадото е интензивно како животот”. Таков е и Оффест 2017.

Првата и втората вечер (25,26 мај), концертите ќе се одржат во Македонскиот народен театар со почеток во 20:00 часот. Третата и четвртата вечер (27,28 мај), концертите ќе се одржат во Младинскиот културен центар, во дансинг салата со почеток во 20:30 часот. Исклучок е само еден полноќен концерт во третата вечер (27 мај) кој ќе се одржи во Станица 26 со почеток во 00:30. Предвидена е и проекција на документарниот филм – “Every song has its end”, во кино Фросина (МКЦ), на 28 мај со почеток во 19:00 часот.