Трамп ќе и продаде на Саудиска Арабија воена опрема од 110 милијарди долари


Спасе Манев (Патувања низ Македонија): Ги откриваме скриените убавини на Македонија ↓↓↓


Американски официјални лица велат дека администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, планира да објави продажба на модерна воена опрема од 110 милијарди долари и обука на војници во Саудиска Арабија викендов кога претседателот Доналд Трамп ќе престојува во земјата, јавува АП.

Агенцијата наведува дека во овој пакет се тенкови, воени бродови, ракетни одбранбени системи, радари и комуникациска и технологија за сајбер безбедност.