Home Шоубизнис Џенифер Лоренс не се кае после аздисувањето на шипка!

Џенифер Лоренс не се кае после аздисувањето на шипка!

Холивудската актерка Џенифер Лоренс неодамна ја посети Виена, каде го снима својот најнов филм, трилерот „Red Sparrow“.

По бурните снимања, американската ѕвезда одлучи да го посети популарниот градски клуб и таму да се релаксира со музика и танц. Очигледно е дека вечерта премногу испила алкохол и папараците ја фатија во непримерена состојба.

Видео снимката на која таа танцува околу „шипка„ и се тетерави на сцената, додека наводно наместо блуза носела само градник, ја видоа сите.

Заморена од медиското внимание и коментарите кои беа поставени по поминатата бурна ноќ, Џенифер одлучи да објасни што навистина се случило таа ноќ.

„Тоа беше роденден на мојата најдобра пријателка и јас навистина немам намера да се извинам. Си поминав убаво и да бидам искрена, играв многу добро“, изјави Лоренс.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …