МВР: Суспендирани 16 полициски службеници и еден старешина поради упадот во Собрание


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Oдделот на Внатрешната контрола при Министерството за внатрешни работи, суспендира 16 полициски службеници и еден висок старешина, поради настаните во Собранието од 27 април, во кој беа нападнати и претепани пратеници. Сите времено се отстранети од работното место, се посочува во соопштението на МВР.

„Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди на МВР против 11 полициски службеници од СВР Скопје и против четворица припадници на Единицата за брзо распоредување поведе дициплинска постапка и им врачи решенија за времено оддалечување од работните места. И еден висок старешина во МВР доби решение за времено оддалечување од работното место. Сите овие решенија се донесени во врска со немилите настани што се случија на 27 април во Собранието на Република Македонија.

Внатрешната контрола на МВР врс основа на прегледаниот доказен материјал, утврди дека нивното присуство на работните места негативно ќе се одрази на работењето на министерството поради што е потребно нивно оддалечување од работните места сѐ до завршување на дисциплинската постапка.

Од видео материјалот било констатирано дека полициските службеници пасивно ја набљудувале масата на граѓани која се обидувала да влезе во поголем број во Собранието и не преземале дејства со кои би им помогнале на другите полициски службеници. По насилното влегување на масата во Собранието, овие полициски службеници продолжиле пасивно да се однесуваат во холот и на скалите и не преземале никакви службени дејства со што овозможиле на масата непречено да се движи во Собранието.

Полициски службеници не примениле мерки од овластувањата со што постапиле спротивно на Законот за полиција, Правилникот за начинот на вршење на полициските работи, Упатството за начинот на однесување и меѓусебни односи на полициските службеници и спротивно на Кодексот на полициската етика, соопшти МВР.