Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и посвежо со слаби локални врнежи од дожд. Ќе дува засилен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од седум до 16, а дневната од 18 до 26 степени. УВ-индексот ќе има вредност 6. Во Скопје слично време, променливо облачно со услови за повремен слаб дожд и со умерен до засилен северен ветер. …