Home Актуелно Денес свежо со слаб локален дожд

Денес свежо со слаб локален дожд

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и посвежо со слаби локални врнежи од дожд. Ќе дува засилен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од седум до 16, а дневната од 18 до 26 степени. УВ-индексот ќе има вредност 6.

Во Скопје слично време, променливо облачно со услови за повремен слаб дожд и со умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе достигне до 23 степени.

И во понеделник ќе продолжи да дува засилен северен ветер, а потоа во текот на следната недела времето ќе биде сончево со умерена облачност. Дневната температура ќе биде во пораст.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…