
Џиџи Парис се подготвува за брак. Манекенката, која има 34 години, во четвртокот, на 26 ноември, објави дека се свршила со поранешниот НФЛ-играч Купер Хелфет.
Веста ја сподели на Инстаграм со серија фотографии. На една од нив, двојката се бакнува, а Џиџи го покажува свршеничкиот прстен.
„Му кажав ‘да’ на мажот од моите соништа!!!“, напиша таа.
Купер ја побарал за жена во Франција, а Џиџи го означи Каркасон како локација на објавата.
„На планински врв, со поглед кон историјата на моето семејство и со цел заеднички живот пред нас“, продолжи таа, додавајќи дека се чувствува како „најсреќната девојка на светот“.
Објавата ја заврши со порака на француски до својот свршеник: „Je t’aime toujours“, односно „Те сакам секогаш“.
Џиџи и 37-годишниот Купер првпат се појавија заедно како двојка на црвениот тепих на добротворниот бал „Ангел бал“ во Њујорк, во октомври 2025 година.
Хелфет играше на позицијата тајт енд, а во текот на кариерата во НФЛ беше дел од Сиетл сихокс и Оукленд рејдерс.
Претходно, Џиџи беше во тригодишна врска со актерот Глен Пауел. Двајцата се разделија во април 2023 година.
Извор: Just Jared