Home Актуелно Мијалков во СЈО на своја иницијатива

Мијалков во СЈО на своја иницијатива

Поранешниот шеф на тајната служба, Сашо Мијалков заврши со распитот во Специјалното јавно обвинителство. По три часа, тој излезе од просториите на СЈО, без да даде коментар за медиумите.

Како што дознава Фокус, Мијалков денеска во СЈО се појавил по сопствена иницијатива и побарал увид во неколку предмети во кои се јавува како осомничен.

Од она што досега е познато во јавноста, тој е осомничен во случајот Таргет, за нелегалното масовно прислушување, во случајот Тврдина 1, за уништувањето на опремата за прислушување и во случајот Тортура, за апсењето на Бошкоски.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…