Прилепските актери на затворањето на „Војдан Чернодрински“ порачаа: „Доста е од вашите хирови“ (видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


После објавувањето на наградите на 52- то издание на македонскиот театарски фестивал Војдан Чернодрински, на сцена излегоа актерите на Прилепскиот театарски ансамбл кои поклонувајќи се на публиката истакнаа:

„Овој фестивал е поголем од сите нас. Во историјата ќе останат сите ваши одлуки, но исто така кај публиката и целата театарска фела ќе останат во меморијата сите ваши хирови и лични интереси. Оваа публика заслужува многу повеќе. Со надеж дека нештата во Македонскиот театар ќе тргнат на подобро, се поклонуваме на нашата публика која останува единствен наш меродавен оценувач.“