Бујар Османи открива за што се договориле со СДСМ во врска со јазикот


Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓



Во усогласениот предлог закон за употреба на јазиците стои дека банкнотите на денарите ќе бидат двојазични. Според експертите со кои се консултиравме, ова е во рамките на Охридскиот договор и Уставот на Република Македонија. Ова во интервју за ТВ 24 синоќа го изјави Бујар Османи, портпаролот на ДУИ, прашан за деталите од договореното со СДСМ за формирање нова влада.

Тоа е предвидено со предлогот на договорот за коалицирање што е одобрен од претседателството на партијата и врз основа на што е донесена одлуката за влегување во новата влада. Според Османи и амблемите на полицијата и армијата во општините каде што живее повеќе од 20 насто од населението со друга етничка припадност, ќе бидат двојазични. Договорено е и судската постапка секаде каде што една од страните во процесот е од друга етничка припадност, рочиштето да се води и на тој јазик.

На прашањето дали истото што е договорено со СДСМ го договориле и со ВМРО ДПМНЕ, Османи изјави:

Работните групи што работеа со ВМРО ДПМНЕ, доставија одреден начелен договор, кој претседателството го оцени како недоволно за да ние дадеме поддршка на таа коалиција. Имаше одредени дилеми во однос на законот за јазик.