Некој си лапна 10 насто од акциите на Макошпед за багателни 290.000 евра


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Нов сопственик добија 10,4 отсто од акциите со право на глас во шпедицијата Макошпед откако на јавната аукција вчера имаше само една понуда и новиот сопственик ги купи сите акции по почетната цена од 157 денари. Новиот сопственик купи акција што книговодствено вреди 1001 денар по пазарна цена од 157 денари односно плати шест пати поевтино од книговодствената цена на акцијата!

Засега не се знае кој е новиот купувач на акциите. Се знае дека купувачот е клиент на Фершпед брокер, а продажбата ја реализираа брокерите на дирекцијата за тргување на Комерцијална банка. Речиси е извесно, иако не е официјално потврдено ниту пак демантирано, дека продавач на акциите е Технометал Вардар. Овој заклучок се изведува врз основа на тоа што Технометал Вардар има акции во Макошпед и нивното учество дури и во промил е идентично со количеството акции што беа понудени на продажба во пакетот „се или ништо.

Макошпед е шпедитерска компанија која има сродна дејност со Фершпед и работи царинско застапување, секаков вид на транспорт, осигурување на стока при транспорт, увоз и извоз, маркетинг и складирање. За 2016 година Макошпед има добивка од 11,4 милиони денари што е за над 100.000 евра подобар резултат во споредба со 2015 година. Лани компанијата имала приход од редовни активности во износ од 70,14 милиони денари. Книговодствената вредност на акцијата што се нуди со почетна цена од 157 денари е 1.001 денар! Компанијата во последниве три години не делела дивиденда.