Буфон става КРАЈ – позната и неговата следна функција!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Легендарниот голман на Јувентус, Џанлуиџи Буфон ќе стави крај на кариерата на крајот на сезоната, но ја отфрли можноста да остане во клубот од Торино и да преземе некоја функција.

Имено, 40-годишниот Буфон ќе ја преземе функцијата на тим менаџер во Фудбалската федерација на Италија, пренесуваат италијанските медиуми.

Како што се наведува, Буфон оваа одлука ќе ја соопшти на крајот на сезоната во која има шанса со Јувентус да го освои седмото последователно Скудето.

Буфон одби да продолжи со професионално играње на фудбал, иако имаше понуда од Бока Јуниорс „тешка“ 2,5 милиони евра.